Табуле
Состојки
- 500 гр патлиџани (ситно сецкани )
- 4 главички кромид ( треба млади кромидчиња )
- 1 и 1/4 чаши нане (ситно сецкани листови )
- 3 и 1/2 чаши магдонос
- 1/4 мало лажиче цимет
- 1/4 мало лажиче црн бибер
- 5 големи лажици маслиново масло
- 3 гол. лажици бунгур
- 1/2 чаша сок од лимон
Подготовка
Ајде малку да одиме во Арапската кујна.
Ситно исецкајте ги патлиџаните на коцкички.
бунгурот потопете го во жешка вода и оставете да отстои околу 15 минути а набабри.
исцедете го и премијте го со ладна вода.
добро исцедениот бунгур, помешајте го со патлиџаните. ситно исецкајте го магдоносот, но оставете по некое цело ливче во салатата.
исто така и листовите нане се сецкаат на ситни парчиња.
Се промешува.
Се додава кромидот кој се сече на долги лентички. Јас немав млад кромид па употребив стар.
Сокот од лимон се попрскува на салатата и се зачинува со цимет, црн бибер и сол.
На крај се додава маслиновото масло и благо се промешува.
Се јаде свежо и веднаш.
На здравје.