Вкусна, крцкава, сочна, сучена ммммммм убавини.
Се прават прво корите за баклавата.
1. Во длабок сад се матат со вилушка јајцата, се додава млекото и маслото. Потоа сето ова се замесува со брашно по потреба. Кога убаво ќе се изработи тестото се дели на 8 топчиња. И секое топче уште на 8 помали топчиња.
2. Сега земаме едно од малите топчиња го валкаме целото во нишесте и го сучиме колку тацна од кафе.Така правиме и со наредните 7 топчиња.
3. Се редат сите 8 топчиња едно врз друго и се сучи голема губа-кора и таа се посипува со нишесте. Се става на крајот од кората фил околу 1 филџан и се витка во ролат. Така се прават и другите ролати.
4. Се сечи и се печи на 250 С едно 5 минути да се вцрви. Се вади баклавата и се става жешко масло (250мл) по нашки се црцнува со врело масло. Се печи 45 минути. Се остава да се излади.

Шербет- Се ставаат заедно водата и шеќерот да вријат 7 минути. Се полива ладната баклава со шербетот и се остава да го впие. Наздравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани