25
авг
2021
Суфле со вишни
Ви се јаде нешто брзо, слатко и кремасто? Ова благо е најидеално за правење.
1. Во сад за матење се става јајце, брашно, пециво, какао, млеко, масло, ванила и се мати со миксер.
2. Се земаат 4 чаши, се полнат по 2 лажици од смесата, потоа се става неколку коцки чоколадо и по една лажица смрзнати вишни во секоја чаша. Одозгора, повторно се додава од смесата.
3. Во длабоко тенџере се ставаат чашите и во тенџерето се става вода, колку да се полиени чашите до половина. Се вари на рингла .Откако ќе зоврие водата се вари 15мин со покриен капак.
Лиценца: Сите права се задржани