Суфле од сирење - cheese souffle
30 грама од путерот се растопуваат на умерен оган им се додава брашното, се запржува за кратко и се додава млекото. Се вари 3-4 минути (како каша) потоа во смесата се додава изренданиот едамер и ементал. Потоа на смесата и се додаваат јајцата и се додава црвениот пипер. Смесата се остава на оган за уште 2-3 минути при што постојано се меша, потоа се тргнува од оган.
Во еден сад се ставаат белките и малку сол и се мати на снег.
Потоа во подизладената смеса со жолчки на 2-3 пати се додаваат белките и се меша бавно со лажица.
Формата или индивидуалните формички се премачкуваат со останатите 20 грама путер и се обложуваат со рендан пармезан.
Готовата смеса се става во соодветниот сад и се печи на 180 степени за 10-15 минути.
Смесата е доволна за 5 индивидуални порции.
Се сервира веднаш штом се извади од рерна затоа што ќе спадне.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови