Макарони и кашкавал (Mac n cheese)
Постојат безброј варијации на овој класичен рецепт. Ова е испробана комбинацијата што најмногу ми се допаѓа. Одлично е и со гауда или со некој швајцарски кашкавал. Вие можете да ги промените врстите на кашкавал по свој вкус.
Ставете поголемо тенџере со вода да се загрева. Посолете. Кога ќе зоврие водата ставете ги макароните да се варат. Варете ги 3-4 минути помалку од предвиденото време за варење на паковањето, затоа што ќе се печат дополнително.
Во меѓувреме во друго тенџере на оган ставете го путерот со малку масло да се растопи. Додајте го брашното и пржете околу 3 минути. Почнете да го додавате млекото дел по дел и матете цело време како не би се направиле грутки.
Кога ќе добиете убава густина на бешамелот нека повари неколку минути, па тргнете го од оган. Посолете и наросете малку црн бибер. Додавајте ги кашкавалите еден по еден во бешамелот, мешајте додека целосно се растопат.
По желба може да ставите малку мускатно оревче, чили во прав или некој друг зачин. Оставете дел од чедарот и пармезанот за одозгора. Измешајте ги убаво макароните и сосот и сипете ги во сад за печење.
Парчињата леб ставете ги во процесор или блендер додека добиете лебни трошки заедно со една лажица масло (така ќе бидат уште покрцкави кога ќе се испечат). Распределете ги врз макароните преостанатиот чедар, па лебните трошки и пармезанот.
Печете на 200Ц околу 20-25 минути или додека поруменат.
Кога ќе ги извадите оставете ги 5 минути да се изладат, па послужете ги.
Како прилог може да послужете едноставна салата од марула.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Makaronive odlicni!!!
Makaronive odlicni!!!