За да го осетите вкусот на овие сусамови бомбици, бидете стрпливи, нека одстојат еден ден, тогаш веќе почнале да се спојуваат вкусовите.
 
1. Модрите сливи потопете ги во топла вода и нека одстојат, по што ќе ги извадите, на салвета нека се исцедат, ситно исецкајте ги.
2. Бискотите сомелете ги, во нив додадете ги исецканите сливи и останатите состојки, измешајте и треба да добиете фина компактна смеса од која ќе правите бомбиците.
3. Секоја направена бомбица поставете ја на хартија за печење и ставете во фрижидер.
4. За тоа време спремете ја глазурата топејки го чоколадото на пареа, а во истото веќе сте го додале и зејтинот, откако ќе се стопи додадете го афионот.
5. Извадете ги бомбиците од фрижидерот и уште малку дооформете ги, глазирајте ги и повторно вратете на хартијата за печење. Нека се стегни чоколадото .

Совет
- Зависно од кои бискоти ќе користите, можеби состојките за малку ке варираат, со Петит мене совршено ми одговараа состојките, а доколку користите друга врста на бискоти и ви се пристори дека е многу тврдо, додадете од кондензираното млеко и сокот од портокал, а доколку ви се пристои помеко, слободно додадете повеке сусам.
- Сусамот јас предходно го подпечам на суво тавче, потоа го ставам во смесата бидејки со печен сусам вкусот е сосема друг.
- Имаше некоја нова бела чоколада, ми беше потребно неколкупати да ги минувам низ глазурата и пак не го добив тоа што сакав да го добијам, сакав беееели, бели како снег... е тогаш афионот во него го прави своето, но веќе назад вракање нема.. тоа е што го гледате конечниот исход.
- Ако ги ставите повторно во фрижидер направените бомбици, после глазурата полесно и побргу се зацврстува.
- Кога ја правев смесата, нормално дека ќе пробам, не бев толку задоволна, но наредниот ден... се изненадив, одличнииии.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани