Се матат белките во цврст шам, па постепено се додава шеќерот. Се исклучува миксерот, па се додаваат маслото, оревите и брашното. Убаво со шпатула се соединува. Се прават две вакви теста и се печат во калап бр 24, претходно обложен со хартија за печење. За филот се соединуваат со половина количина од ладното млеко, жолчките, брашното. Остатокот од млеко се става на оган во една касерола и се додава шеќерот. Се додаваат жолчките и се вари на тивок оган до згуснување. Се лади. Сега се мати путерот да побели. На страна сега се мати 1 кесе шлаг пена со 100 мл млеко.Се оделуваат 2 лажици настрана за декорација на тортата. Се соединуваат кремот од жолчки, путерот ,шлагот. Во касерола на оган се ставаат 60 мл млеко, 50 гр шеќер, 1 лажиче брашно, 100 гр црно чоколадо. Се ставаат кратко да провријаат, да се соединат. Нека подизлади малку па се додаваат 50 гр путер ,30 гр кокос, 160 гр мелен орев. Убаво се соединува смесата. Нека се подизлади , па се прават мали бомбици. Сега на чинија за торта се нанесува првото тесто, се става од жолтиот фил. На него се редат од бомбиците. Се покриваат повторно со жолт фил. Се става второто тесто и тоа се покрива со остатокот од фил. Се декорира тортата со останатите бомбици и со останатата шлаг пена. Нека одстои во фрижидер два часа , па се сервира.