Суви колачи со бадеми - Печурки
Одамна сакав да направам колачи со ваков изглед, но повеќето рецепти во составот за мене беа толку обични, што се плашев од едноставен вкус со убав изглед. Така, овој рецепт е спој од два. Испаднаа превкусни колачи на кои им дозволив маана на изгледот, а таа лесно се поправа. :)
За посветли колачи убаво е да користите лупени бадеми. Моите освен што не беа лупени, беа дури и грубо сомелени. И уште една грешка која ја направив, а вам ќе ви оди во прилог на изгледот е тоа дека изумив на пецивото, па го плеснав цело.
Да преминиме на рецептот.
1. Маргаринот и брашното убаво истријте ги низ раце, па потоа измешајте го шеќерот, а после него и мелените бадеми и останатите суви состојки. Потоа додадете ги водените и измесете глатко тесто.
2. Убаво е тестото да го оставите барем половина час или час во фрижидер, кое јас не го направив. Ми одеше одлично обликувањето веднаш.
3. Се прават мали топчиња (поголеми од лешник, помали од орев) и се редат во плехот за печење.
4. Шишенцето од екстракт прво се мака во водата, па во какао правот и потоа се прави отпечаток врз секое топче тесто.
5. Се печат во загреана рерна од 190-200С, при што откако ќе нарастат, доколку ви е силна рерната, можи малку да ја намалите.
Лиценца: Сите права се задржани
на изглед требаше малку повеќе да се потрудам, ама на вкус беа мммм...