Старите ПОМ ПОМ
Желатинот се става во подлабок сад со 3-4 супени лажици вода да набабри.
Во меѓувреме на оган се става водата и шеќерот да зовријат. Кога е зовриено убаво се трга на страна и полека капка по капка се додава во набабрениот желатин постојано матејки со миксер.
Се мати додека убаво се згусти.
Чоколадото се топи и прво се премачкуваат калапите со еден слој чоколадо (јас го направив пола саат претходно за да имам време додека се излади )
Кога е стегнато се полни со смесата од желатин, се остава пак да се стегне убаво желатинот и по 20 минути се затвора со стопено чоколадо.
Кога ќе се стврдне се вадат од калапите. Првиот слој од чоколадо што се мачка на калапот мора убаво да се стегне бидејки ако не е стегнато убаво нема да можете да ги извадите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови