Средство за чистење од домашната работилница
Полесно нема никаде ми се чини.... подобро исто така, ова средство е најдброто од палетата на дома припреманите средства. Фантастично, а и паметно искористени кори на портокал. Може да се користат корите на сите овоштија од фамилијата на цитрусите, можете и мешавина на кори од цитрусите... , значи ништо полесно, а ефектно. Аромата е друга приказна. Нежна нота на портокалов аромат....
1. Корите од портокалот насечете ни на ленти и соберете во тегла благо притиснувајки ги.
2. Залијте ги со алкохолен оцет и нека одстојат 2 недели.
3. Процедете, соберете во шише или боцата со прскалка...
- Со ова средство успешно (докажано веќе) се бришат плочките, санитариите, рерните и ринглите од шпоретите, стакло, сите кујнски елементи, фрижидери - останува да го тестираме на ткаенини, да исчистиме некоја флека, но тоа допрва ќе тестирам и обавезно ќе јавам.....
Не сум го пронашла овој рецепт на интернет, го спремав по сознанијата од мојата драга Тања, откако го поставив и видов коментари.. дури тогаш се осознав дека го имало веке со мали измени, но го има... останува на вас да одлучите...
Лиценца: Сите права се задржани
Cestit praznik! :)
Pozdrav
Citam gore za pepelot pa toa odlicno cisti ma gi svetnuva tavite i nema nikakov miris a jas ne mozam da go podnesam mirisot na hemijata pozz
затоа и се гушам со гнасни хемии по дома. а дека чисти убаво нема збор.
е сега. земав една тегла од 1,5л, ја наполнив со купечки алкохолен и во неа секој ден пикав што сме изеле :) :) :) :)
првите неколку дена кога ќе отворев, ми бздеше на тоа што го нејќам, ама по недела дена кога отворив....ОПАААА!
супер е. уште ден два и ќе го прецедам :)
ова е почетна фаза. тоа со лимон е веќе еден месец, жолта убава боја и супер мирис.
и моите другарки ти се многу благодарни за ова ;)
http://moirecepti.mk/post/%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D0%BC-%D0%BE%D0%B4-%D0%BE%D0%B4%D0%BF%D0%B0%D0%B4-%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82