Сочен колач со портокал
Едноставен, сочен и вкусен колач со убава арома на портокал, дополнета со шмекот на црното чоколадо. Сочноста ја задржува и во наредните дена.
Загрејте ја рерната на 180С. Изрендајте ја кората од портокалот, па потоа излупете го. Ренданата кора тргнете ја на страна, а портокалот ставете го во блендер и изблендирајте го убаво.
Во сад за матење најпрво изматете го омекнатиот маргарин со шеќерот. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно, при што ќе матите околу 1 минута до додавањето на секое следно.
Додајте ја потоа слатката павлака, па намалете ја брзината на миксерот и додајте го брашното предходно измешано со прашокот за печиво. Додадете го пирето од портокал и на крај рачно вмешајте го сечканото чоколадо и кандираните цитруси.
Смесата истурете ја во намастен силиконски калап за векна или ако немате таков, во лимен, кој ќе го обложите со мрсна хартија и ќе го намастите. Печете околу 45 минути.
Печениот колач оставете го да олади во калапот, па потоа извадете го од него. Одозгора посипете го со шеќер во прав
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови