Ова беше експеримент, ама на крајот испадна прекрасно, вкусно јадење, кое може да биде и самостојно, но и како прилог за некое друго... Вкусовите така убаво се споија, а Армониа брускетите со спанаќ и сирење совршено придонесоа вкусот да се потполни...

Компирите сварете ги во лушпа (кај мене беа поголеми) излупете ги, зачинете ги, додајте го путерот и изгмечете ги. Кога ќе се подоладат додајте го јајцето и сомелените брускети. Измесете ја смесата, ако е водлеста додајте уште од брускетите. Поделете ја на два дела.
На намрсена фолија кружно исплескајте го едниот дел, ставете го одозгора ренданиот кашкавал и исечканата сланина, а одозгора другиот дел. Со намрсени раце малку притиснете одозгора, да се соедини со полнењето. Пресечете 8 триаголници.
Пржете ги на малку масло се додека не заруменат од двете страни.
Служете со сезонска салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови