23
ное
2013
Солена торта со виршли
Во подлабок сад кршиме 2 јајца и ги матиме со жица. Во садот ги додаваме и маслото, јогуртот, прашокот за печиво и прашното и мешаме со жица додека смесата не стане хомогена.
Во друг сад го ставаме сирењето и го дробиме со вилушка. Во садот кај сирењето ги додаваме и преостанатите 4 јајца и мешаме со жица за матење.
Правоаголната тава за печење ја намрсуваме со масло за јадење и во тавата го додаваме тестото. Врз тестото ги редиме виршлите и ги преливаме со мешавината од јајца и сирење.
Печеме во рерна 40 минути на 200 степени.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани