Освежителен сок приготвен во домашни услови.
Во водата се става овошјето и се вари на оган додека да се добие убава темно црвена боја.

Потоа се трга од оган, се цеди и се додаваат шеќерот и лимонтусот.

Се остава да постои околу 20тина минути и се става во шишиња, може и стаклени и пластични. Ако е во пластични треба да стои во замрзнувач за да не се расипе. Ако е во стаклени само треба да се добро запечатени капачињата и да се чува на студено и темно место.

Одличен рецепт и начин да имате свеж овошен сок преку цела зима.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови