За да добиеме висококвалитетен сок, најдобро е истиот да не се преработува, со цел да се зачуваат хранливите материи од овошјето и зеленчукот. Овојпат се одлучив за комбинација од лимон, портокал и јаболко, и за 10 минути спремен е сокот за употреба.

Подготовка

1. Јаболката ги лупиме, миеме и сецкаме на помали парчиња.
2. Лимоните и портокалите исто ги лупиме и ги сецкаме на помали парчиња. Ако имаат семки, ги вадиме.
3. Исечканото овошје го ставаме во чашката од блендерот (ако не го собира наеднаш, тогаш на двапати) и додаваме вода. Јас блендирав на двапати и дододов по околу 300 мл вода.
4. Добиената изблендирана каша ја префрламе во подлабок сад, додаваме вода според вкус (зависно колку сакаме да ни биде густ сокот), го додаваме лимонтусот и заблажуваме по вкус. Промешуваме до растопување и послужуваме веднаш.

Забелешка - Во оваа комбинација одлично се вклопува и морковот, јас во моментот немав, па затоа и не го додадов.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани