Кисело освежително смути (јаболко, малини и лимон)
Смутито е одлично за појадок или нискокалорична вечера. Пијалокот го надополнува недостатокот на витамини и хранливи материи во телото, дава енергија и одлично расположение. За љубителите на киселкаст и освежителен вкус, еве еден предлог од мене. Доколку, сепак, сакате поблага варијанта, додадете мед или урми.
Подготовка:
1. Јаболкото го миеме, лупиме и сецкаме на помали парчиња, кои ги ставаме во чашката од нутрибулетот.
2. Ги додаваме малините, сокот од лимон, лененото семе, коцките мраз и водата. Блендираме до хомогенизирање.
3. Доколку сакате да биде поблаго смутито, како заблажувач, додадете мед или неколку урми. Количината на вода корегирајте ја според вашиот вкус.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани