Испечати

Кисело освежително смути (јаболко, малини и лимон)

Кисело освежително смути (јаболко, малини и лимон)

Состојки

  • 1 Јаболко (зелено)
  • 40-50 гр Малини (свежи или замрзнати)
  • 1 м.л. Ленено семе
  • по потреба Вода (околу 100мл)
  • неколку коцки Мраз
  • пола (50 мл) Лимон (цеден сок)
  • по вкус Мед или урми

Подготовка

Смутито е одлично за појадок или нискокалорична вечера. Пијалокот го надополнува недостатокот на витамини и хранливи материи во телото, дава енергија и одлично расположение. За љубителите на киселкаст и освежителен вкус, еве еден предлог од мене. Доколку, сепак, сакате поблага варијанта, додадете мед или урми.

Подготовка:

1. Јаболкото го миеме, лупиме и сецкаме на помали парчиња, кои ги ставаме во чашката од нутрибулетот.
2. Ги додаваме малините, сокот од лимон, лененото семе, коцките мраз и водата. Блендираме до хомогенизирање.
3. Доколку сакате да биде поблаго смутито, како заблажувач, додадете мед или неколку урми. Количината на вода корегирајте ја според вашиот вкус.

На здравје!