27
окт
2021
Освежително микс смути
Не знам за вас мили мои, но ние не го почнуваме денот без некој експеримент од нутрибулетот. Набавив и книга со многу разни рецепти и сега секој ден имам нов предизвик.
Еве го едниот од нив...
1. Во нутрибулетот ставете ги бананата и праската, а потоа додадете ги течните состојки. Јас користев бадем млеко.
2. Додадете агаве сируп да го засладите, а ако немате агаве, може да искористите една убаво полна лажица мед. Вклучете го апаратот и оставете да се спои смесата. Служете и уживајте во преубавиот вкус.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови