Никогаш доста од сникерс рецепти, а овој е еден од моите омилени.
Се матат со маталка јајцата со шеќерот. На страна се топат на пареа путерот со чоколадото и малку подизладени се додаваат во изматените јајца со шеќерот и ванилата. На крај се додава брашното измешано со какаото и малку сол.
Се става во намрсено коцка тавче и се печи во загреана рерна на 165 степени 20мин. Не смее да се препече!
Откако ќе се испече одозгора се ставаат кикириките, па карамелот и на крај ганашот.
Се остава да се стегне 2 часа.
Ганаш
Се става слатката павлака на оган да се стопли, а на страна чоколадото се сецка на ситни парчиња и се прелива со врелата слатката павлака. Нека постои 5мин, а потоа се меша

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови