Вкусни чоколадни мафини...За чокољупците по дома беа полн погодок...Пак ќе ги повториме...Инаку сликата со елките во позадина е нацртана од Теофанија =)

Подготовка
1. Сите состојки ги одмеруваме и подготвуваме за соединување, а рерната ја вклучуваме на 180 степени да ни се загрее.
2. Најпрво го растопуваме путерот и го тргаме на страна.
3. Сувите состојки брашната, пециво, сода бикарбона, шеќер и какао ги соединуваме.
4. Кон сувите состојки ги додаваме јајцата, путерот, млекото па соединуваме и на крајот ја додаваме жешката вода. Повторно соединуваме.
5. На крајот го додаваме исечканото чоколадо и мешаме.
6. Ги подготвуваме корпите за мафини, секоја корпа ја ставаме во калапот за мафини и ставаме до 2/3 од смесата во корпите.
7. Печеме околу 20 минути, па ги оставаме да се изладат.
8. Путерот и слатката павлака ги загреваме до вриење, па во нив го ставаме белото чоколадо да се растопи. Оставаме малку да се згусне и подолади, па го распоредуваме врз мафините.
9. Ги украсуваме по желба.

Забелешка
По вкус можете да им додадете рендана кора од портокал...
Ако немате слатка павлака, растопете го чоколадото со путер и така нанесете го на мафините.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани