Слатко од Физалис - Physalis
Физалисот кај нас е занемарен, се одгледува многу ретко, претежно од неговите љубители, а верувале или не - си заслужува многу поголемо внимание. Плодовите се со силен, необичен, многу пријатен мирис. Вкусот им е исто така многу пријатен. Се консумира свежо како десертен плод. Од него се спрема високоценетото слатко и желеа (содржи висок процент на пектин), може да се спрема и компот самостоен или мешавина со други плодови, многу добро се комбинира во овошни салати, сладоледи, сирупи, ликери и т.н. Некаде прочитав и дека плодот бил голем антиоксидант, уништува во организмот паразити, прпорачан при болести на грлото... Но, еве припремата за слаткото која е едноставна.
Во сад се става ред од плодот на физалисот, ред шеќер, ставате на умерен оган да се вари како секое обично слатко. Не смеете да го преварите бидејки самиот плод содржи висок процен на пектин - спротивно ќе ви желира.
Со лажица проверете - Слаткото е готово кога шербетот паѓа капка по капка.
Бидејки веке напомнав дека има силен мирис и вкус, никакви додатоци не му се потребни, освен доколку се плашите дека сте го превариле да додате сосема малку лимонтус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ова трепкањево е за да те шармирам и да ќарам некое залче :) :) :) :)
АЛО МОИРЕЦЕПТИ!
време е за средба! ме чека слатко! :) :) :) :)
ќе донесе љиља на средба, па јас под маса ќе ви пуштам лажичиња :) :) :) :)
I jas "uspeav" da go zeliram, oti ne si sedev do sporetot dodeka se varese.
Ama preubavo e, i na site go preporacuvam
Fala LiliN sto se javi ovde i dade svoj pridones za samiot recept!
Jas prv pat slusam.... Ti prasuvaj, jas ke citam, "kao veke znam" :)))))
физалисот што ми го прати почна да части :)
прва берба, по твој совет, ги собирам само од земја :)
ај, ќе зачувам 2-3 за секој случај ;)
едвај чекам да правам слатко :)