Слатко од дуњи
Прво се спрема шербетот.
Водата заедно со шеќерот се става во разлесто тенџере на оган да се направи шербет. Во меѓувреме додека врие шербетот дуњите се мијат и се рендаат на едро ренде. Изрендани се ставаат во кофа со вода во која има растворено 5 гр. винобран за да ја зачува бојата дуњата. Може и да не се става винобран само во тој случај бојата на слаткото ќе биде малку потемна односно малку жолто-портокалова. Откако шербетот ќе се направи дуњите се цедат и се ставаат во шербетот. Откако убаво ќе почне да врие насекаде оставаме слаткото да врие уште 20-25 минути со повремено мешање. Откако слаткото ќе се свари и добие златно жолта боја се трга настрана и веднаш се префрла во друго тенџере за побрзо да се излади и се покрива со влажна крпа за да не фати кора. Слаткото се собира во тегла откако убаво ќе се излади. По желба во шербетот кога врие може да се стави и 1-2 лимони сечкани на кругови. Јас во моментов немав и не ставив.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Тука сум да ви ги претставам моите слики од подготовка на ова волшебно слатко од дуњи, од нашата членка Натка.
Магијата за ваква златна боја е во само тие 2 грама винобран.
Значи слаткото е како злато, не потемнува воопшто.
Исто за сите оние кои сакаат да го подготват на коцки, наместо рендано, предлагам да се користи начинот на кој го опишува Натка.
Јас секоја година по овој рецепт подготвувам за моја душа, хахахха и секогаш сум презадоволна.
Целта ми е да ги испровоцирам младите домаќинки да го подготват слатково, и да ги разбудат спомените на детсвото
иииии ќе си дозволам да поставам неколку слики, за да ви го доловам неговиот волшебен изглед
Фала Натка уште еднаш на рецептов
топла препорака за подготовка и на овие превкусни бомбици