Испечати

Слатко од дуњи

Слатко од дуњи

Состојки

  • 2,5 кг. зрели дуњи
  • 750 гр. вода
  • 2 кг. шеќер
  • 2 лимона
  • 1/2 пакетче винобран

Подготовка

Прво се спрема шербетот.
Водата заедно со шеќерот се става во разлесто тенџере на оган да се направи шербет. Во меѓувреме додека врие шербетот дуњите се мијат и се рендаат на едро ренде. Изрендани се ставаат во кофа со вода во која има растворено 5 гр. винобран за да ја зачува бојата дуњата. Може и да не се става винобран само во тој случај бојата на слаткото ќе биде малку потемна односно малку жолто-портокалова. Откако шербетот ќе се направи дуњите се цедат и се ставаат во шербетот. Откако убаво ќе почне да врие насекаде оставаме слаткото да врие уште 20-25 минути со повремено мешање. Откако слаткото ќе се свари и добие златно жолта боја се трга настрана и веднаш се префрла во друго тенџере за побрзо да се излади и се покрива со влажна крпа за да не фати кора. Слаткото се собира во тегла откако убаво ќе се излади. По желба во шербетот кога врие може да се стави и 1-2 лимони сечкани на кругови. Јас во моментов немав и не ставив.