13
мар
2014
Слатка плетенка-штрудла
Овие состојки се за една штрудла-плетенка. Јас направив две и ги зголемив состојките.
*Се замесува тестото и се остава да кисне 1 час.
*Се прави филот. Се топи маргаринот и се додаваат сечканите јаболка и се пржи на тивко. Се додава кафеавиот шеќер, циметот, сувото грозје и сокот од лимон.
*Тестото се размесува и се сучи кора. Ако сакаме се сечи на ленти за плетенка или пак како ролат.
*Се става врз тестото џемот, филот убаво се распоредува и се наросува ванилата. Се плетат плетенките и се остава пак да кисне 20мин на топло.
*Се премачкува со јајце и се печи во загреана релна 170С/30мин.
Наздравје!
Лиценца: Сите права се задржани