Слатка палента со кокос
Од дома одобрено, значи може да се постави на МоиРецепти.
Шеќерко рече
- Женчо, супер е
А Младунче ме тормози цел ден со зборовите
- Мајка Ми, дај ми од тоа убавото благце =))
Во теџере на оган ставете го млекото да се зоврие. Додека се загрева млекото во тавче, на суво пропржете го кокосот за зарумени и тргнете го. Нема да ви бидат потребни повеќе од 5-6 мин.
Во загреанато млеко додадете ја палентата, убаво мешајте да се згусне. Додавајте ги сите состојки една по една, само белките изматете ги во цврст снег во посебен сад. Додадете ги белките на смесата и мешајте со дрвена лажица.
Добиената смеса ставете ја во калапчиња за мафини, израмнете и посипете со кокос. Печете на 180 степени, во загреана рерна 20ина мин или колку да зарумени малку кокосот.
Можете смесата да ја печете и во обично тавче, па да сечете форми по желба.
Може да се служи со вашето омилено слатко.
Лиценца: Сите права се задржани
и ладно е убаво, како за лето, освежително :)
и не се чувствува вкус на палента, онаков како за солена палента :)
фала ви на сите што ме тинтрате и кога ме нема толку често <3
извинете што не стигнувам на сите да ви ги исчитам рецептите и да пишам по нешто. еве сега крадам време кога пилиштарци спијат. ми се спие и мене, ама и ми недостасувате :)