Веднаш да кажам дека оваа сладолед торта е на мој начин.
Во оргиналниот, ај така да го наречам, бидејќи рецептите многу се менуваат, на местото за прв фил стои мармалад од кајсии.Бидејќи сакавме да биде што покремаста,мармаладот го изоставив, па си ставив фил.
Крајниот резултат-одличен!!!

Најнапред го полеваме сувото грозје со врела вода да го покрие.
Оставаме така да постои, набубри зрното.
Потоа убаво се цеди и суши на кујнска хартија.

150-те грама орев ситно го сецкаме.

Тава со пречник од 28 цм. ја намрсуваме со маргарин (путер) и цело дно го покриваме со орев и суво грозје.(Видете на дополнителната фотограгија.)

Белките ги матиме во густа пена, па ги додаваме шеќерите, намалуваме на брзината на миксерот и додаваме брашното, мелениот орев и пецивото.

Ставаме да се пече во загреана рерна околу 15 мин. на 200 степени.

За првиот фил, најпрво го полеваме желатинот со ладна вода и оставаме да набубри.
Жолчките ги матиме со шеќерите и ги додаваме во зовриеното млеко.Вариме на умерен оган додека се згустат, нешто како послаб пудинг.
Се трга од оган и се додава чоколадото, се меша убаво да се растопи.
Се додава набубрениот желатин, исто се меша, можи и со миксер, додека се растопи.
Се остава да се излади.
Во ладно се додава, миксирајќи со миксер, претходно изматената слатка павлака.

За вториот фил, пудинзите се раствораат со малку млеко, а остатокот се става да се зоврие со шеќерите.Штом зоврие се додава разматениот пудинг и се продолжува со варење на умерен оган.Кога почнува да се згустува пудингот, се додаваат изматените жолчки.Се продолжува да се вари додека се добие убава густина.
(*На овој начин, на додавање на жолчките, добивате крем кој е беспрекорно мазен, без ниту едно грутче.)
Се трга од оган и се додава белото чоколадо, мешајќи со миксер го растопуваме.
Оставаме да излади.
За тоа време пенасто го матиме путерот со шеќерот.
Во не потполно изладениот пудинг го додаваме и убаво миксираме.

За одозгора правиме шам од белките.
Постапката може да ја видите тука хттпЧ//моирецепти.мк/пост/%Д0%Б2%Д0%Б0%Д1%81%Д0%Б8%Д0%БД%Д0%Б0-%Д1%82%Д0%БЕ%Д1%80%Д1%82%Д0%Б0-2.
Или премачкајте со шлаг пена.

Финална постапка
-кората превртена нагоре со оревот и сувото грозје нагоре-прв фил
-втор фил
-шам или шлаг
Украсете по желба.
Уживајте!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани