Сладок кускус десерт во пудинг
Измерете 85 гр кускус и пригответе го спрема упатството со вода. Кај мене, на оваа грамажа се вари 100 мл вода. Се додава кускусот, се покрива и се остава 4 мин да се спреми.
Измешајте го млекото со слатката павлака. Одделете мал дел за растварање на пудингот, а во остатокот додадете го шеќерот и сварете пудинг.
Во врелиот пудинг додадете го спремениот кускус и додадете ја кравјата маст. Убаво измешајте и распоредете во десертни чаши.
Одозгора ставете по 1 лажиче течен мед и во средината скршени јатки од лешници, ф`стаци, ореви, кикири... На крај, поросете со цимет.
Можи да се служи и топло и ладно, секако е уживање.
Наместо со ванила арома, можи да направите со пудинг од карамел, слатка павлака, бурбон ванила, а наместо ванила екстракт да додадете арома од портокал или ружина вода.
Препорака-веднаш направете си дупла доза.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови