Нема вода, колку има сок од малините - толку, ама квалиетно е. Оваа година се одлучив првите малини вака да ги спремам, а секако нема да остане да не соберам и ладен сок, без варење, скоро исто како што ги спремам соковите од вишни.
 
- Под млаз вода во решетка измијте ги малините, нека се исцедат и преместете во садот кој сте го намениле за да ги ставите заедно со шеќерот и лимонтусот, измешајте и оставете нека одлежат така 24 часа.
- Се ставаат наредниот ден на шпорет да провријат, оставете да оладат и преку преса добро испасирајте ги, а потоа преку газа повторно прецедете ги.
- Вака прецеден сокот од малините вратете повторно на огнот и оставете само да проврие . Ќе забележите дека излегува густа пења, соберете ја, тргнете го сокот и со вака врел сируп полнете ги стерилизираните шишиња.

Напомена
- Значи, рецептот ви е за 1 кгр. а вие колку ќе ставите малини - спрема рецептот зголемувајте шеќерот и лимонтусот.
- Нема вода, не се додава воопшто, затоа немојте да го варите многу за да не ви се згусти па да ви испадне мармалад. Потребно е само да проврие и да излезе пењата - толку, а не трае целото тоа ниту 10 мин.
- Бидејки стоеле во шеќер секогаш цедењето иде малку потешко од вообичаеното правење сируп со вода, но на овој начин кога правам го има потполниот вкус на овошјето од кое се спрема сирупот бидејки во чашата ќе ставите повеке сируп отколку вода. Не обожавам да пијам слатка обоена вода.
- Количински не излегува многу сок токму поради тоа што при спремањето не се става ниту капка вода, но верувајте дека е квалитетен.
Нека ви е на здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани