Сируп од аронија
Аронијата се мие убаво, во неколку води и потоа се пасира.
Ја ставаме во сад и преку аронијата посипуваме 200 гр. шеќер, се' се промешува и се остава 24 часа во фрижидер.
Ја вадиме аронијата од фрижидер и го цедиме сокот преку газа.
Исцедениот сок го ставаме во тенџере, го додаваме преостанатиот шеќер (400 гр.) и вариме 5 минути.
Сокот се става врел во шишиња.
НА ЗДРАВЈЕ !!!
Јас го правев од помала количина,се добива сируп густ убав за растварање,цедев со потенка газа,а всушност треба со погуста,за да не се чувствуваат зрнцата од аронијата.
Сокот е доста освежителен,и да напоменам за оние кои не знаат дека дозволена количина е една лажица сируп на ден,а доколку се јаде свежа аронијата од 7-10 зрна дневно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Како и многу други овошки содржи оксалатна киселина која може да предизвика создавање на каменчиња во бубрезите. Но не се однесува тоа генерално за сите .. некои се подложни, имаат осетлив уринарен тракт итн.
На интернет може да се најдат и рецепти за примена кај различни состојби, па така од еднаш до неколку пати во денот, свежа, замрзната, како сок и слично.