Силвестер колач и урми со бадеми
Силвестер колач
1. Шеќерот се вари со водата како за слатко. Се додаваат 200 гр мелени ореви и чоколадо и се трга од оган. Кога малку ке подолади се расплескува во тесен долг калап кој претходно е намастен.
2. 200 гр прав шеќер се мати со желатинот кој е растворен со жешка вода. Постепено се додава сок од лимон. Смесата ке стане леплива густа. На крајот се додаваат оревите и желе бонбони и брзо се истура врз првиот дел. Треба брзо да се работи зошто ке почне да се стврднува- згуснува смесата. ПС-(колачите се на сликата со бело долу)
Урми со бадеми
1. Урмите се сечат по должина од едната страна , се вадат семките и внатре се става потпечено лупено бадемче.
2. Секоја урма се обложува со смесата. Смеса-2 белки се матат со постепено додавање на шеќерот. На крајот се мешаат и оревите и се меси со рака. Се зема едно топче и се обложува околу урмата. На крајот се макнуваат до половина во стопено чоколадо.ПС-(колачињата се на сликата долу десно прелиени до половина со чоколадо)
Од другите колачи на сликата ги имам сите објавувано .
Лиценца: Сите права се задржани