![Ванилици силвестер со џем од сини сливи](https://moirecepti.mk/content/uploads/2016/01/12511260_1051007111598125_618103514_o-81b9c0-800x600.jpg)
Ванилици силвестер со џем од сини сливи
Брашното и свинската маст се протријуват со рака, потоа се додаваат јајцата, шеќерот, пецивото и ванилите. Се замесува тесто за состојките да се спојат, ако е потребно тогаш се додава малку млеко (јас употребив 4-5 големи лажици млеко). Тестото се расукува со дебелина од 5-7 милиметри и со помош на модла се вадат форми. Се редат во плех и се печат во загреана рерна на 180 степени да заруменат.
Откако добро ќе се изладат се формираат парови и се залепуваат со џемот. Се оставаат да омекнат и се посипуваат со шеќер во прав.
Забелешка
- Свинската маст може да се замени со путер или маргарин.
- Плехот каде што ќе се печат ванилиците не треба да биде намастен.
- Оригиналниот рецепт е половина од тестото да биде кафено со додавање на какао.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови