Подготовка:

1. Исечканото свинско месо се пржи на оган, потоа се додаваат исечкани кромидот и лукот. Откако ќе се подзапржат се додаваат ренданите моркови и исецканите шампињони. Оставате сето тоа добро да се издинста и испржи.

2. Ставате зачини сол, вегета, бибер, сушен магдонос и исечканите црвени суви пиперки. Залевате со 250 милилитри бело вино и 250 милилитри вода. Кратко околу 15 минути проврива на оган, а потоа го префрлате во тава за печење. Покриено со алуминиумска фолија се пече околу 2 часа на температура од 180°C, кога е готово се додаваат парчината кашкавал.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови