Селско тавче
Ставете го џигерот исечкан на мали парчиња во вода прво да зоврие, потоа истурете ја водата и налејте нова во која ќе додадете 1 лажичка винска киселина и оставете го да вари 10на минути, па истурете ја водата.
Исечкајте го и свинското месо на мали парчиња и ставете го во вода да се подвари (некаде 15на минути), па истурете ја водата.
Кромидот исечкајте го не многу ситно и ставете го во тава со масло и 1 ракиена чаша вода да се пржи. Овде е моментот кога би се додале печурките, а кај мене се галантно одминати. Откако водата ќе испари, додадете ги и сувите пиперки сечкани исто така. По 5 минути додадете ги месото и џигерот и 1 мало филџанче вода. Пржете додека течноста испари и потоа се пропржат заедно сите состојки. Пред крај, посолете и додадете го буковецот.
Лиценца: Сите права се задржани