За секоја свечена прилика го правам овој ручек. Вкусен, лесен и едноставен за правење.
Се вари пилето (јас ставив батаци) во солена вода 30мин. Се вади кожата и се сецка месото на ситни парчиња.
Настрана се пржи кромидот да добие стаклеста боја. Се додаваат сецканите печурки и тие малку се пропржуваат. Се трга настрана тавчето и се истура ова во голема вангла. Се додава исечканото варено
месо, мајонезот, сенфот, биберот, црвената пипер, солта, магданосот и белото вино. Сето ова убаво се промешува.
Сега се реди во земјена тава. Најпрво се става на дното масло. Потоа се додава половина од ренданиот кашкавал расфрлан насекаде, па се става 3 лажици од киселата павлака. Сега се става целото месо од ванглата па пак се реди кашкавал и павлака. Се протресува тавата и се става во загреана рерна од 250-300С со фолија да се печи 40 мин.
При крајот се вади фолијата и се остава малку месото да зацрвени да фати коричка. Се сервира со варен зеленчук, помфрит или се јаде така без ништо. Ова многу заситува и е многу вкусно.

П.С.
Немојте оваа селска тава да ја правите само со стек зошто нема да го има овој посебен вкус. Може да измешате батаци и стек но НИКАКО само стек-бело месо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани