Од рецептите што ќе ги измислиш, а ќе испаднат совршени, поубаво нема :) Дома не забележаа дека има јаболка, мислеа дека е голема количина на кромид. Да кажев дека сум ставила јаболка, немаше да го пипнат =))
Мене ми беше превкусно јадење, пилиштарциве беа презадоволни. Четригодишно младунче рече многу Скусно било, а тригодишен Оги синко си Мфкаше м м м =)

Месото исецкајте го на коцки и запржете го во масло. Додека месото се пржи, исецкајте ги ситно или изрендајте ги јаболката. Јас ги рендав на ситната страна на рендето.
Во друг сад пропржете ги јаболката на малку масло, да испари течноста.
Кога јаболката се подисушени тргнете ги на страна.
Во месото додадете го сенфот, медот и карито (сос од мед и сенф), зачините и убаво промешајте.
Додадете ги јаболката и ставете ги во сад за печење. Печете само додека да заруменат.

Пријатно јадење :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани