Месото исечете го на 8 тенки шницли.
Зачинете со сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер и залејте со масло (да бидат покриени) и коњакот. Нека одстојат во маринадава најмалку 2 часа.
Загрејте ја грил тавата, намрсете ја со малку масло од маринадата и наредете ги шницлите да се пржат. Пржете додека поруменат од двете страни, при што ги превртуваме почесто, со цел подолго време да трае пржењето во тавата, а не наеднаш да фатат боја, а притоа да не бидат зготвени.
Ги редиме во огноотпорен сад. Ги залеваме малку со мрснотијата од тавата во која се пржеа.Им нанесуваме од претходно подготвениот фил.
Ги ставаме во загреана рерна на 200 степени додека порумени филот, некаде околу 25мин..
Сервираме....
Филот го подготвуваме на тој начин што во садот каде беше маринадата го пасираме сирењето, ги додаваме исецканите маслинки, киселата павлака, оригано и црна пипер. Убаво мешаме да се добие изедначена смеса.
Тоа е тоа, лесна подготовка, а вкусно мевце за ручек.Прилог по ваш избор.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани