3
фев
2016
Салата срце
За овој вид на подготовка на салата ви требаат срцевидни калапи за мафини.
Желатинот ставете го во малку вода да набубри.
За црвената смеса, состојките ставете ги да поварат 5-6 минути и процедете ги.
Ставете го внатре желатинот, убаво измешајте и наполнете ги калапчињата до половина( од оваа смеса излегуваат 4 калапчиња).Ставете ги калапите во фрижидер да се стегне смесата.
За белата смеса, измиксајте ги убаво двата вида на сирење, па додајте го стоплениот желатин. Убаво измешајте и дополнете ги калапчињата.
Вратете ги калапите во фрижидер додека убаво не се стегнат.
Уживајте со саканите и со чашка ракиичка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови