14
мар
2021
Салата со печурки и јајца
Едноставна и вкусна салата.
1. Прво ги миеме печурките, ги сецкаме ситно, го сецкаме и младиот лук и ова го запржуваме со малку зејтин и сол. Кога е запржено се остава да олади.
2. Јајцата ги вариме и ги оставаме да оладат.
3. Киселите краставички ситно ги сецкаме, сирењето го рендаме и ја додаваме киселата павлака. Кон ова ги додаваме и запржените печурки и ренданите јајца. Се заедно мешаме и салатата ја ставаме во фрижидер да отстои еден час пред служење.
По желба посолуваме и побиберуваме.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови