Салата со печурки и јајца
Состојки
- Состојки
- 400 гр кисела павлака
- 300 гр свежи печурки шампињони
- 2 варени јајца
- 2 млади лукчиња
- 4 кисели краставички
- 100 гр сирење
- Потребно е уште зејтин, сол, црн пипер
Подготовка
Едноставна и вкусна салата.
1. Прво ги миеме печурките, ги сецкаме ситно, го сецкаме и младиот лук и ова го запржуваме со малку зејтин и сол. Кога е запржено се остава да олади.
2. Јајцата ги вариме и ги оставаме да оладат.
3. Киселите краставички ситно ги сецкаме, сирењето го рендаме и ја додаваме киселата павлака. Кон ова ги додаваме и запржените печурки и ренданите јајца. Се заедно мешаме и салатата ја ставаме во фрижидер да отстои еден час пред служење.
По желба посолуваме и побиберуваме.