Салата со макарони и конзервирани пиперки
Уште една убава салата
Ајде да ја подготвиме.
1. Во посолена вода која врие ги додаваме макароните да се варат. Како испарува водата,а макароните се скоро готови, додаваме 100 мл млеко. Ги оставаме да се поварат односно оставаме да си ја доупијат течноста.
2. Киселите краставички, конзервираните пиперки, шунката, кашкавалот и кромидот ги сецкаме на ситни коцки. Ги помешуваме со изладените макарони, па им додаваме пасирано лукче. Во садот додаваме 2 лажици пармезан и грчкиот јогурт. Зачинуваме. Додаваме и мајонез(јас ставив малку повеќе мајонез,а помалку јогурт, така го сакаат дома).
Полнете во чинии и декорирајте по вкус. Јас декорирав со свеж копар и звезди од свежа краставица.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови