Конзервирани пелати
Подготовка:
1. Во тенџере ставете вода да зоврие. Измиените домати засечете ги накрсно, на кожичката и ставете ги во тенџерето 2 до 3 минути. Потоа извадете ги со решетка лажица и ставете ги веднаш во сад со ладна вода. Ако не ги собира сите наеднаш, направете го тоа на 2 до 3 пати. Сега може лесно да се излупат.
Излупените домати ставете ги во подлабoка вангла, додајте ги останатите состојки и нежно измешајте ги. Мешањето можe да го направите со раце или со претурање неколку пати од една во друга вангла.
2. Нека постојат некои 15на минути, за да се стопат шеќерот и солта и потоа соберете ги во чисти тегли каде на крај ќе ги дополните со течноста која ја оставиле доматите. Доколку се посуви и нема доволно течност, тогаш редете ги позбиено со благо притискање. Така на врвот од теглата, секако ќе има доматна течност која ќе ги покрива. Убаво затворени, ставете ги во машината за садови, на најдолгата програма со најсилната температура. Оставете ги преку ноќ без да отворате и утрото извадете ги.
*Забелешка: Доколку пак сакате да ги конзервирате на рингла, ставете ги во тенџере со вода, до навојот, на кој ќе обложите крпа и откако ќе зоврие водата на умерена температура, варете 35 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Toj so kornisonite sigurno e vo izgubenite
зимници.Колку зимници правев....Стотици тегли...
Е ова може да се подготви и во стан...Ќе те известам и со слика.