Салата од црвени пиперки со моркови и лук
Оваа доза е за една тегла, отприлика во неа влегува еден килограм печени пиперки. Вие направете си потребна количина по желба. Пробно јас направив три тегли, но моите многу ги бендисаа, па следува ново правење... Да напоменам, јас ставив малку повеќе киселина, по наш вкус.
Подготовка
1. На пиперките извадете им ја дршката и семето, испечете ги и излупете ги.
2. Морковите и лукчето исечете ги на тркалца. Во пиперките ставете ги сите состојки и нежно промешајте. Ставете ги во фрижидер на неколку часа (јас ги оставив преку ноќ) Од време на врема малку измешајте ги.
3. Наредете ги во теглите, помеѓу пиперките ставајте и од лукчето и морковите, дополнете ја теглата со течноста која ќе ја испуштат пиперките.
4. Ставете ги теглите во лонец со вода и варете ги десетина минути, само колку да се затворат теглите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови