Салата со црвени пиперки и моркови(зимница)
Еве ви идеја за салата од тегла,која ќе ви се најде во зимските денови.Измиените пиперки се печат и се оставаат да оладат.Потоа се чистат од лушпите и семките.Морковите измиени и излупени од кората се ставаат да зовријат во солена вода.Откако ќе зовријат,да вријат само 2 минути и веднаш се ставаат во ладна вода.Во еден поголем сад се става оцетот,зејтинот,шеќерот и солта и убаво се меша со лажица за да се стопи солта и шеќерот.Пиперките се сечат на мали парчиња,истото се прави и со морковите.Се ставаат во садот со течноста.Им се додава исечениот лук и магдонос.Се меша се заедно,се покрива садот и се остава да одстои 1 час.
Потоа салатата се собира во тегли,се полева со течноста одозгора,се затвараат теглите.Јас теглите потоа ги ставив во сад со вода до капаците,да зоврие водата и се оставаат во водата до утредента за да олади водата.Вака подготвените тегли(пастеризирани) имаат трајност и до 2 години.Ако сакате салатата веднаш да ја конзумирате,тогаш не ги зовривајте теглите,чувајте ги само во фрижидер.Од оваа количина на сосотојки излегуват 6 тегли(900 гр).
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови