Сега ќе ви претставам декоративно сервирање на едноставен и вкусен рецепт кој ми е од мојата пријателка Жане, искусна домаќинка која исто како мене ги сака брзите рецепти.

Подготовка
На доматите им го засекуваме врвот и ги празниме од внатре. Ги оставаме кратко време превртени на салфетка за да не бидат многу влажни и да се исцедат.
Туната ја мешаме со останатите состојки и ги полниме доматите со оваа смеса.

Толку. Уживајте во прекрасниот рецепт!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани