Домат
Доматот е едно од оние прекрасни растенија што го привлече вниманието на милиони љубители на зеленчук во светот, поради неговите неверојатни заштитни својства. Интересно, доматот има многу повеќе благопријатни ефекти за здравјето отколку јаболкото.
Ботанички, овој зеленчук спаѓа во фамилијата solanaceae во која исто така спаѓаат и чили пиперчињата, компирите и модриот патлиџан. Научното име на доматите е lycopersicon esculentum. Овој егзотичен зеленчук кој го има во сите годишни времиња потекнува од Централна Америка каде што го одгледувале Ацтеките, векови пред шпанските истражувачи да го пренесат низ целиот свет.
Во моментов, насекаде низ светот се произведуваат голем број различни сорти кои варираат според големината и формата, а можат да бидат органски, хибридни или генетски модифицирани. Најголем дел од сортите раѓаат црвен плод, но постојат и такви кои даваат жолти, портокалови, розови, виолетови, зелени или бели плодови.
Нехибридните домати стануваат сè попопуларни, особено кај одгледувачите на органска храна, со оглед на тоа што даваат поприродни и повкусни плодови. Доматите во денешно време се одгледуваат во целиот свет, како дел од основните видови зеленчук, заедно со компирите, кромидот, итн.
Здравствени придобивки од доматите
- Доматите имаат ниска калорична вредност и мал процент на масти, но се богат извор на растителни влакна, витамини и минерали. Нутриционистите ги препорачуваат за контрола на холестеролот и во програмите за намалување на телесната тежина.
- Откриено е дека антиоксидансите кои ги има во доматите заштитуваат од повеќе видови рак, вклучително: рак на дебелото црево, рак на простатата, рак на градите, рак на белите дробови, рак на панкреасот и рак на матката.
- Фитохемикалиите содржани во доматите, како што се ликопенот и каротиноидите, можат да ги заштитат клетките и другите структури во телото од кислородните слободни радикали. Црвените видови домати се особено богати со најмоќниот флавоноиден антиоксиданс ликопен. Научните истражувања покажаа дека ликопенот ја заштитува кожата од оштетувања од ултра виолетовите зраци, но обезбедува и заштита од рак на простатата.
- Зеаксантинот, уште едно флавоноидно соединение, помага при заштитата на очите од „болести предизвикани од старост“ кај постарите луѓе, преку филтрација на штетните ултра виолетови зраци.
- Овој зеленчук содржи солидни количини витамин А и флавоноидни антиоксиданси, како што се алфа и бета каротините, ксантин и лутеин. Овие соединенија имаат докажани антиоксидантски својства и се клучни за добриот вид. Витаминот А исто така е потребен за одржување на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето на природни зеленчук и овошје богати со флавоноиди помага во заштитата од рак на белите дробови и рак на усната празнина.
- Дополнително, доматите се добар извор на антиоксидансот витамин Ц (обезбедува 21 процент од дневно препорачаните потреби во 100 грама). Конзумирањето храна богата со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност од инфективни агенси и да ги собере штетните слободни радикали.
- Свежите домати се многу богати со калиум. Калиумот е важна состојка од клеточните и телесните течности, со што помага во контролата на ритамот на срцето и одржувањето на стабилниот крвен притисок.
- Доматите се добар извор на фолати, железо, калциум, манган и други минерали.
Избор и складирање
Свежите, зрели домати имаат атрактивна, сјајна црвена боја и богат вкус. Во продавниците, избегнувајте ги оние домати што имаат набори, места на кои што бојата е избледена и засеци или напукнатини на лушпата.
Штом ќе дојдете дома, ставете ги на собна температура, на студено и темно место. Презреаните домати можат да се складираат во фрижидер. Јадете ги додека се свежи за да го извлечете максимумот од витамините и антиоксидансите. Недозреаните домати се користат за правење „чутни“ во индиската кујна.
Употреба во кујната:
Кај доматите често можат да се најдат паразити. Хибридните видови се подложени на прскање со инсектициди. Оттаму, добро измијте ги во вода за да ги отстраните правта, земјата и евентуалните остатоци од инсектициди.
Доматите обично се сецкаат на мали коцки откако ќе се отстрани рачката и горниот крај.
Совети за приготвување:
- Доматите се користат во огромен број рецепти, особено во медитеранската кујна, италијанската, источноевропската кујна и кујните во Југоисточна Азија.
- Живите домати имаат прилично киселкаст вкус, но кога ќе се измешаат со други состојки при готвење, се добива прекрасен и богат вкус.
- Исечениот жив домат се користи за приготвување салати.
- Сокот од свежи домати и супите од домати стануваат популарни пијалаци низ целиот свет. Органските видови содржат три пати повеќе ликопин од неорганските.
Здравствено предупредување
Понекогаш може да дојде до алергиска реакција, со симптоми како иритација на кожа, чешање на очите, растечен нос, гастроинтестинални нарушувања, како болка во стомакот, повраќање и дијареа.