22
сеп
2020
Салата од црн домат, шери домати, свеж босилек и свеж магдонос
Прво црниот домат го лупиме, па го сечиме на кругови, па на четвртинки.
Секое парченце црн домат го валкаме во брашно и ги пржиме на загреано масло.
Испржени ги редиме на хартиени салфети за да се упие вишокот на масло.
На дното на тајнир за сервирање ставаме кругови шери домати, расфрламе сецкан свеж магдонос и свеж босилек, ставаме малку сол, ,па ставаме коцки сецкано , печено пилешко месо, па парчиња пржен црн домат.
Постапката ја повторуваме уште еднаш.
Најгоре ставаме сецкано чили пиперче, мааалку маслиново масло, сок од лимон.
Оставме во фрижидер на 30 минути, за да се спојат вкусовите, па сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани
Fala