Салата од црн домат, шери домати, свеж босилек и свеж магдонос
Состојки
- 1 среден танок, црн домат
- 1 рака мешавина на сецкани босилек и магдонос.
- 4-5 шери домати
- ½ остаток од печено пилешко бело месо, околу 100-130 гр
- 1 чили пиперче
- сол, бибер, малку маслиново масло
- По желба и балсамико оцет или лимон.
Подготовка
Прво црниот домат го лупиме, па го сечиме на кругови, па на четвртинки.
Секое парченце црн домат го валкаме во брашно и ги пржиме на загреано масло.
Испржени ги редиме на хартиени салфети за да се упие вишокот на масло.
На дното на тајнир за сервирање ставаме кругови шери домати, расфрламе сецкан свеж магдонос и свеж босилек, ставаме малку сол, ,па ставаме коцки сецкано , печено пилешко месо, па парчиња пржен црн домат.
Постапката ја повторуваме уште еднаш.
Најгоре ставаме сецкано чили пиперче, мааалку маслиново масло, сок од лимон.
Оставме во фрижидер на 30 минути, за да се спојат вкусовите, па сервираме.