27
јун
2012
Салата од тиквички и јогурт
1. Се лупат и се сечат тиквичките на ленти.
2. Се печат(или пржат) во Грил тавата од Делимано.
3. Лукот со солта се става во аван и се толчи. Се додава маслото, магодносот и биберот и се промешува. Сето ова се става во јогуртот и добро се меша. Наместо јогут може да се стави кисело млеко или павлака, ако сакате погуста салата или одлично предјадење. Јас многу често ставам и сок од пола лимон.
4. Се редат испечените тиквички во чинија и се прелеваат со припремениот прелив.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
нема смисла да сме на диета, нели? :) :) :) :)
супер рецепт, го замислувам ладен од фрижидер и се превртувам :) :) :) :)