Испечати

Салата од тиквички и јогурт

Салата од тиквички и јогурт

Состојки

  • 2 тиквички
  • 1 шоља јогурт
  • 2 чесниња лук
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол и црн бибер

Подготовка

1. Се лупат и се сечат тиквичките на ленти.
2. Се печат(или пржат) во Грил тавата од Делимано.
3. Лукот со солта се става во аван и се толчи. Се додава маслото, магодносот и биберот и се промешува. Сето ова се става во јогуртот и добро се меша. Наместо јогут може да се стави кисело млеко или павлака, ако сакате погуста салата или одлично предјадење. Јас многу често ставам и сок од пола лимон.
4. Се редат испечените тиквички во чинија и се прелеваат со припремениот прелив.