Јогурт салата
На Љиљана Илиева искрено и балгодарам за овој прекрасен рецепт.
1. Желатинот се става во вода да набубри.
2. Се промешува јогуртот со желатинот на тивок оган додека желатинот не се стопи. Јас, желатинот од кесичка, го ставам директно во јогуртот и мешам на оган додека не се затопли јогуртот. Се трга настрана, се вмешуваат коцкичките од различните продукти, се додава мајонезот, се измешува добро и се истура во модла која предходно е навлажнета со вода.
3. Одкако добро се излади (најмалку после 4 часа), се превртува модлата во чинијата за сервирање и по желба се украсува. Јас ја правам салатата од вечер и така сум сигурна дека добро се стегнала.
Оваа салата не само што многу освежува туку и изгледа извонредно, па е прекрасен украс на масата.
Лиценца: Сите права се задржани
медоина. не ви беше жал да го јадете? :) :) :) :)
Што се однесува до нас ние си ја офукафме.
На сликата не ми е довршена декорацијата,а за да ми излезе од калапот за куглоф морав да ја исечам.Ја чував и во топла вода и ја трескав од маса и не сакаше да излезе...на крај ја исеков.
Да не имате некоја друга помирољубива финта за вадење?
Следниот пат ќе и ставам проѕирна фолија...
Поздрав и до тебе
Бидејќи нема сега опција за ставање слика, ќе го постирам директниот линк па со копирање на нов таб, би требало да можи да се види :)
http://i.minus.com/iuCC6v08oBsly.JPG
Желатинот го ставам баш како ти што велиш,директно во јогуртот и мешам на умерена температура се дури се стопи,потоа ги ставам состојките и го излевам во калапот.Пред вадење поминувам со нож и се гледа дека почнува да се одлепува,ама не му се излегува.
Не знам може и до калапот да е,самата форма.
А и идејата од Клара и тебе за во мали калапчиња исто така ми се допаѓа.
Фала на советите и поздрав до сите
Среќни празници и ти посакувам уште многу вакви прекрасни поводи за славење
Љубица